Пушачи, не е вистина дека цигарите ве смируваат и опуштаат

Поголемиот дел од пушачите тврдат дека цигарите им помагаат да се ослободат од нервозата и дека секој пат кога ќе запалат една тие се во „мала нирвана“, опуштени и среќни од претходно.

Меѓутоа, науката докажала дека тоа е лага!

Наместо да ве „подигне“, смири и орасположи, секоја цигара која ќе ја запалите ја зголемува веројатноста да ве „нападне“ анксиозност или депресија.

Наспроти луѓето кои не пушат, зависниците од никотин имаат 70% поголем ризик од сериозни депресивни епизоди, а пушењето како метода за опуштање е само изговор, покажала студија на Универзитетот во Лондон.

Пушачите генерално се понервозни, потемпераментни и напнати, а тие чувства се јавуваат како последица на оваа шетна навика.

Фото: Pixabay.com

– Поголемиот дел од пушачите ќе кажат дека МОРААТ да запалат цигара за да се смират, но вистината е поинаква. Колку е поголем бројот на испушени цигари и должината на стажот на пушење, толку повеќе тие се чувствителни на стрес, објаснува авторот на студијата спроведена врз повеќе од 6.500 луѓе, професорот Роберт Вест.

Сепак, тој објаснува дека штетата настаната со пушење може да се исправи со откажување од оваа навика, затоа што веќе после една година непушење, нивото на стрес кај поранешните пушачи е исто како кај оние луѓе кои никогаш не запалиле цигара.