Кристијано Роналдо вчера стана татко по четврти пат, откако неговата девојка Георгина на свет донесе здраво женско дете.
Фудбалерот убавата вест ја сподели со своите фанови преку социјалните мрежи, каде објави фотографија веднаш по породувањето.
На фотографијата освен Роналдо е и неговиот син Кристијано Џуниор, Георгина и новородената ќерка.
Фудбалерот отрки дека малата принцеза го добила името Алана Мартина.