Во самотијата нема ништо добро ниту позитивно, не трпи само психата туку и целиот организам тврдат американски научници.
Од порано се познати погубните ефекти на изолацијата врз моралот на луѓето кои се принудени да живеат отсечени од светот, како и кобните психолошки последици што таквата состојба може да ги предизвика.
Една студија објавена во американското списание „Анали на Националната академија на науките“, открива дека самотијата може да го доведе нашето тело во смртна опасност.
Истражувачите од Универзитетот во Чикаго открија дека осаменоста може да предизвика имуна дефициенција, како и голем број сериозни нарушувања.
За да ги разберат последиците на изолација врз човечкиот организам, научниците изложија група мажи и жени на возраст од 50 години на многу тестови.
Меѓу учесниците на експериметот имало и такви кои се чувствувале „многу осамено“, додека други, себе си се сметале за опкружени со пријатели и блиски.
Како што тоа вообичаено се случува, мистеријата е решена на полето на генетиката: истражуачите кај лицата кои страдале од изолираност, воочиле дека некои гени (поврзани со имунолошкиот систем) се значително поактивни.
Оваа претерана активност неповолно влијае на функционирањето на имунолошкиот систем со што се поттикнуваат воспалителни процеси кои пак, можат да предизвикаат различни, првично кардиоваскуларни патологии.
Научниците, исто така, забележале дека лицата кои во почетокот не се чувстувале осамено, подоцна станувале, доколу кај нив се актвиира таа генетска аномалија.
Од тоа научниците заклучиле дека лошата работа на имунолошкиот систем може да доведе до полекување во себе.
Накусо, не само што самотијата штети на здравјето, туку и обратно: дисфункцијата на имунолошкиот систем може да влијае на нашата способеност на комуницирање со другите.
Истражувачите, освен тоа, предупредуваат дека самотијата не треба лесно да се сфаќа, и оти лицата кои се чувствуваат осамено мора повеќе да се активираат или да побараат стручна помош.Самотијата е лоша за здравјето
