Шпанска калцона

Состојки:

За тесто:

500 грама ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
сув квасец
3 лажички масло за јадење
3 дл млака вода
лажичка сол
лажичка шеќер

За фил:

250 грама мелено месо
200 грама кашкавал
100 грама кечап
1 мала главица кромид
чили или една помала пиперка ( по желба лута )
оригано
маслиново масло

Подготовка:

Замесете тесто од намирниците и оставете го околу 1 час да одстои. Кога ќе се удвостручи повторно замесете го.

На маслиново масло запржете го кромидот, додадете го месото и ситно исечканата пиперка. Ставете малку вода и динстајте додека целата течност не испари. Оставете го филот да се олади.

Тестото поделете го на делови во големина по ваша желба ( во зависнот колкава сакате да биде калцоната).

Парчињата тесто растегнете ги. Парчињата намачкајте ги со малку масло за јадење, кечап, фил, кашкавал и оригано. Добро преклопете ги краевите за да не дојде до излевање на филот. Редете ги во намрсен плех за печење.

Колцоните печете ги 20 минути на 200 степени Целзиусови.

шпанска канцона