Секојдневно се среќаваме со разни информации поврзани со храната која ја конзумираме…
Некои велат дека смрзнатиот зеленчук не е толку добар како свежиот, дека мора да пиеме 8 чаши вода дневно и дека јаглените хидрати не дебелеат. Сето ова не е точно…
Прочитајте ги најчестите 8 митови за храната…
Смрзнатотиот зеленчук е помалку вреден од свежиот? Не е точно!
Свежо напраниот зеленчук и овошје имаат повеќе витамини и минерали, но што повеќе денови стојат дома или во продавница, со тоа се повеќе ја губат нутритивната вредност. Смрзнатиот зеленчук обично се замрзува откако ќе се набаре, па може да има повеќе нутритиенти од свежиот, но набран оддамна.
Свинското месо дебелее? Делимично неточно!
Вистина е дека сланината е полна со калории, но свинското каре ако не се пржи во масло нема многу поголема калорична вредност од другите намирници.
Овошните засладувачи помалку дебелеат? Не е точно!
Шеќер е шеќер и вашиот организам не може да ја препознае разликата. Сите тие имаат приближно иста калориска вредност, освен вештачките засладувачи.
Мора да пиете 8 чаши вода дневно? Не е точно!
Ви треба околу 2 литри течност дневно, а неа ја добивате низ храната, чаевите, млекото, овошјето, а не само преку водата.
Јајцата се лоши за срцето? Не е точно!
Поголемиот број на истражувања покажуваат дека здравите луѓе можат да јадат едно јајце на ден без никакви проблеми. Подобро е да ги јадете наутро отколку навечер, но тие не би требало да ви предизвикаат проблеми.
Јаглените хидтрати дебелеат? Не е точно!
Доколку внесувате премногу калории кои подолго се разложуваат, тоа ве дебелее. Потполно е сеедно од кој извор доаѓаат калориите.
Доцната вечера повеќе дебелее? Не е точно!
Калории се калории и не е важно во кој период од денот ги внесувате. Она што се смета е собраниот внес на калории во текот на денот.