Вечерва во Киев се одржува втората полуфинална вечер на која ќе настапи Јана Бурческа.
Македонската претставничка на годинешниот избор на песна на Евровизија, со „Dance alone“ ќе настапи трета.
A, во пресрет на нејзиниот настап денес очигледно Јана се подготвува напорно па нема многу време да е активна на социјалните мрежи.
Сепак пред два дена таа објави видео од подготовките за забавата на Израел.
Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.
Навиваме за Јана!

