Си легнувате налутени-сменете ја навиката, опасна е по здравјето

Ако навечер си легнете гневни, му правите најлоша услуга на сопственото здравје. Кога сте будни, може да се преработат негативните емоции. Но ако се отиде на спиење со нив, тие можат да станат поголеми.

Гневот влијае на сонот

Познато е дека стресот и тешките чувства поттикнуваат борба или бегство. Во тие околности е многу потешко да се заспие и да се заврсти квалитетен сон.

Исто така, докажано е дека нарушениот сон може да предизвика уште поголем стрес. Веројатно ќе се разбудите исцрпени наместо изморени. Во тој случај гневот придонесува за лош сон, а лошиот сон до уште повеќе разгневеност.

Гневот е опасен по здравјето

Научниците веќе имаат откриено дека квалитетот на сонот влијае на целокупното здравје. Сонот обично влијае како „терапија преку ноќ“, ги стабилизира емоциите, така што следниот ден можеме подобро да воспоставиме хармонија со чувствата. Но гневот и стресот можат да го загрозат процесот. Негативните чувства ослободуваат хормони на стрес, кои го прават човека раздразлив и предизвикуваат некои други симптоми.

Потешко е да се заборават лошите чувства

Истражувачите тврдат дека човекот не помалку способен да го потисне негативното чувство ако по него веднаш легне да спие. Спиењето ги интензивира сите емоции, мисли и проблеми. Кога спиеме, мозокот обработува нови информации и ги складира во краткотрајната и во долготрајната меморија. Во текот на сонот, гневот влегува во долгорочното сеќавање и може да има долготраен ефект.

Гневот му испраќа негативна порака на партнерот

Ако среде караница се одлучите да се завртите и силно да ја повлечете прекривната, испраќате порака дека повеќе сакате „победа“ во караницата отколку одржување здрав однос со личноста со која се расправате. Начинот на кој ги решавате недоразбирањата може да ја зајакне или да ја ослаби вашата врска, исвестува Брајт сајт.