На интервју со дедо, овојпат ја имаме талентираната на дедо Симона Попоска, која е една од најпознатите млади пејачки во Македонија.
Симона со музика се занимава уште од својата шестта година, а нејзиниот прв настап е на фестивалот „Распеано рибарче“.
После тоа следат уште многу настапи и песни, но песната со која се проби и стигна до сите македонски топ листи носи наслов „До крај“.
За „Сајтот На Дедо“ Симона Попоска зборува за своето детство, како и за својот дедо.
Еве што милата на дедо има да ви каже

Дедо: Опишете го вашиот дедо со три зборови?
Симона: Јас би Ви го опишала само со еден збор ЕДИНСТВЕН , но бидејќи морам со три збора тогаш дефинитивно се следниве : Вреден, дружељубив и искрен.
Дедо: Омилено место на кое ве носеше вашиот дедо?
Симона: Омилено место каде што ме носеше дедо ми беше неговата градина од јагоди , го обожаваше тоа место бидејќи таму ме учеше како за убав плод треба внимание , љубов и грижа.
А кога зборуваме за плод не се однесуваше само на овошјето , тоа се однесуваше на се што сакам да ми даде добар плод.

Дедо: Поговорка по која го паметите вашиот дедо?
Симона: Имаше три поговорки кои често ги спомнуваше :
„Она што е твое само ќе си дојде, среќата никој неможе да ти ја земе“.
„Земи 5 , врати 10“.
„Од работа никогаш не се жали ,затоа што од тоа никој не починал“.

Дедо: Омилен спомен со вашиот дедо?
Симона: Омилен спомен кога ќе седневме во дворот и ќе ги земеше сите инструменти на кои знаеше да свири (беше универзален свирач) и ќе почнеше краткиот концерт а јас уживав да го слушам.
Дедо: Со што сте го направиле горд вашиот дедо?
Симона: Горд го направив со тоа што го наследив неговиот талент . Сигурна сум дека сеуште ме чува и слуша од горе додека пеам.

