Индиски бизнисмен кој живее во Дубаи, на аукција потрошил повеќе од 8 милиони долари за да купи регистарска табличка со бројот 5.
„Обожавам скапи уникатни регистарски таблички и навистина сум горд што успеав да ја купам оваа на која пиушува5“ изјавил Балвиндер Сахани.
Тој исто така додал дека би потрошил и многу повеќе, односно од 50 до 100 милиони долари.
Сахани е сопствени на фирма за недвижности, а се пофали и дека минатата година купил табличка на која го има бројот 9 за 6 милиони долари.
„Досега имам купено десет единствени регистарски таблички, а се надевам дека ќе има уште.Тоа е моја страст.Оваа со бројот 5 ќе ја ставам на еден од моите Rolls Royce автомобили“.

