Орта Андерс, кој од 70-те години собира железни парички, конечно решил да го уновчи своето штедење.
Како што пренесуба KTVE 10 Орта во вторникот ги повикал своите пријатели и семејството да му помогнат повеќе од 500 илјади железни парички, сместени во 15 пластични балони од 20 литри, да ги однесе во локалната банка.
– Преку 40 години не потрошив ниту една паричка. Побргу ќе раситнев долар отколку што би потрошил паричка, изјавил тој.
За повеќе од четири децении, Орта собрал 513.614 парички кои грижливо ги чувал во пластични балони од 20 литри.
Иако многумина помислиле дека банкарските службеници го дочекале со кисела насмевка на лицето, навистина не е така.
Директорот на филијалата, Рајан Килпатрики зјавил дека целото случување е одлична реклама за неговата банка, а дека Орта им одржал лекција на сите како треба да се штеди.
За уновчувањето на паричките Андерс добил 5.136 долари, кои, како што изјавил, ќе ги искористи да плати здравствена сметка.
