Среќна како никогаш досега: Анџелина Џоли во Дизниленд

Анџелина Џоли со месеци поминува низ турбулентен период, но очигледно тешките денови се зад неа.

41-годишната актерка беше забележана со огромна насмевка на лицето, додека уживаше во друштво на нејзините деца.

Џоли и семејството го прославуваа роденденот на Шајло, кој се одржа во Дизниленд во Калифорнија.

На 11-от роденден на Шајло присуствуваа и нејзините другарчиња, а актерката изгледаше навистина среќно.