Тамара Тодевска овој викенд на свет ја донесе ќеркичката Хана, а на социјалните мрежи ја објави и првата фотографија.
Пејачката го честиташе најголемиот христијански празник Велигден, а своите пријатели и фанови ги израдува со преслатка фотографија од ноџето на Хана.
„Христос Воскресе, драги пријатели. Многу здравје и спокој ви посакаувам“, порача Тамара од болница.