Тинејџерките на телефон зборуваат 274 часа годишно

Тинејџерките за една година поради момчињата плачат 123 пати, а со браќата и сестрите се расправаат 287 пати.

Поради хормоните кои во оваа возраст се најактивни, тинејџерките годишно во просек се расправаат 183 пати со своите мајки.

Причините за караница се многубројни, но несредената соба е најчестиот проблем.

Помеѓу топ 5 причини за караница помеѓу мајка и ќерка влегува и дрското одговарање, односите со браќата, сестрите и момчето, како и доцна излегувањето и доаѓањето дома.

И телефонските разговори се тема на расправа бидејќи тинејџерките зборуваат 247 часа годишно.

По многу трескања на врати што во просек е повеќе од 160 годишно, на 23 години младите дами почнуваат да ги ценат своите мајки.

Три четвртини од жените на оваа возраст велат дека им се благодарни на нивните мајки, а 68% од нив и се благодарни за она што го постигнале во животот.

Тинејџерките не се расправаат само со мајките. Со татковците се расправаат 157 пати годишно, со пријателките 125 пати и со браќата и сестрите 287 пати.