Познатиот дизајнер Михал Сташко комплетно ја редизајнирал киносалата во словачкиот град Шаморик.
Класичната сала за проекција од 300 седишта, претворена е во простор со околу 100 „лејзи бегови“ кои се групирани во боксови, така што во филмовите може да се ужива во парови.

За разлика од конвенционалните седишта групирани во монотони редови, во овој театар се шарени удобни легла, кои овозможуваат големо задоволство за гледачите, бидејќи тие ќе се чувствуваат како дома.
Воден од дизајнот на „лејзи бегови“, дизајнерот звучната изолација и проблемот со акустика ги решил на исто толку креативен и разнобоен начин.

Целата површина на ѕидовите е обложена со панели, односно со материјал од кој се направени и овие „лејзи бегови“.

