Видео: Ново чудо на милијардерот Маск

Компанијата во сопственост на американскиот милијардер Илон Маск изградила тунел под Лас Вегас во САД .„Боринг“ завршила со ископување на вториот тунел под градот на коцката од двата тунела наменети за подземениот транзитен систем.

Маск со својата компанија го добил договорот за изградба на систем од тунели долг 1,6 километри. Трошоците за изградба го чинеле Маск 52,5 милиони долари. Сите работи околу изградбата е планирано да завршат во јануари 2021 година.

Патниците во тунелот ќе се возат со омилениот автомобил на милијардерот Маск, електричната Тесла.

Преку тунелот кој официјално е наречен „ Convention Center Loop”, патниците ќе се возат под центар Конвенш во Лас Вегас со автономно електрично возило. Системот е дизајниран така да во еден час да може да бидат транспортирани повеќе од 4000 луѓе.