Видео од болница: Јелена Карлеуша се јави по операцијата на туморот

Јелена Карлеуша во петокот го оперираше туморот на матка во една приватна клиника во Белград.

А, викендов пејачката на својот Инстаграм профил објави видео од болница со кое на фановите им откри дека се е во ред.

„Жива сум“, напиша во описот.

Јелена пред операцијата, изјави дека се работи за здравствен проблем кој не е толку сериозен, како што одредени медиуми го претставија.