За сите љубители на луксуз: Се појави дебитна картичка направена од цврсто злато! Чини 20000 долари

Новата дебитна картичка на британскиот „Ројал Минта“ со име Рарис е најскапата кредитна картичка на светот направена од 18-каратно злато.

Користењето на ваква картичка, односно купувањето на истата, има и своја цена која изнесува повеќе од 20 илјади евра.

Kартичката наменета за луѓето кои го ценат луксузот. Нејзините поволности се купување без лимит, како и плаќање во странски валути без провизија.

Оваа картичка нуди и други бенефиции и поволности при патувања.