Заборавете на броење овци – со оваа музика лесно ќе заспиете

Заборавете го броењето на овци.

Следниот пат кога ќе имате потешкотии со заспивање пробајте да слушате музика.

Истражувањата покажаа дека само 45 минути слушање музика пред спиење ќе ви овозможи мирен сон.

Тајванските научници проучуваа 60 постари луѓе со проблеми при спиењето и дојдоа до заклучок дека „третманот со музика“ е ефективен и нема несакани ефекти како останатите применети третмани.

Слушањето на оваа музика предизвикало физички промени кај субјектите кои помогнале да се има мирен сон и смалена респираторна и срцева активност.

Овие субјекти исто така покажале подобрување на сонот за 35%, вклучувајќи и подолго спиење и намалена дисфункција за време на активниот ден.

Професорот Jim Horne од универзитетот Loughborough вели:

„Ако сте под стрес пред да си легнете, тогаш се што може да ви овозможи добар сон е добредојдено. Музиката е дефинитивно еден од најефикасните третмани за несоницата“.