Шведските стручњаци направиле садови од целулоза на кои никогаш нема да им треба миење.
Ова е вест која ќе израдува многу домаќинки.
Студиото за дизајн „Tomorrow Machine“ произвеле чинии и шољи од целулоза кои не треба да се мијат.
„Tomorrow Machine“ прототипот од овие необични садови ги направиле во соработка со истражувачката компанија „Innveti“ и Кралскиот институт за технологија во Стокхолм.
Новиот производ има за цел да го покаже квалитетот на новите материјали развиени на база на целулоза, а кои се многу лесни, цврсти.
– Производот штеди ресурси, а не бара ни вода, ни хемикалија за да остане чист, истакнуваат дизајнерите.
Целулозната пулпа се формира во лист, а потоа со загревање се обликува.
– Материјалот станува цврст како керамика, но е далеку полесен и не се крши при пад, вели дизајнерката Хана Билквист и Ана Глансен, кои специјализирале за амбалажа на храна.
Слојот на садовите е резултат на новата технологија која го имитира лотосов лист за да создаде суперхидрофобична површина, односно површина отпорна на вода, но и на валкано.
Иновацијата нема само да го олесни живото на луѓето, туку ќе помогне да се заштити околината затоа што штеди вода, енергија и не бара употреба на детергент.
– Тоа е потполно нова технологија која и понатаму се развива и сеуште не е подготвена за индустриско производство, велат дизајнерите.
