Запознајте ги нашите херои со Изворска

Компанијата Кожувчанка, преку природната вода Изворска ви ги претставува нашите Херои- Одбојкарите, македонските репрезентативци, учесници на Европското првенство во Одбојка 2021.

Ова е единствена ваква кампања во која една компанија инвестира во промоција на друг, а не на себе!

“Решивме да ги испромовираме нашите Одбојкари, нашите претставници на Европско! Мислиме дека заслужуваат многу поголемо внимание. Ова се нашите херои кои Кожувчанка како компанија ги поддржува со години. Натаму планираме повеќе инволвираност во нивните успеси и поголема поддршка на овој спорт.” – кажаа одговорните од Компанијата.

Кампањата го носи насловот “Ова се нашите Херои!” и преку сите промотивни канали на компанијата Кожувчанка ДОО, цели 2 месеци ќе имаме можност да го запознаеме секој репрезентативец посебно, да дознаеме интересни работи за нив, со повик за заедничко бодрење на престојното Првенство во септември.

“Промоцијата одбравме да е преку водата Изворска како најзастапен бренд, со најголем број потрошувачи. На тој начин веруваме дека ќе допреме до секој од нас кој гордо ќе навива за нашите репрезентативци, на Европското првенство во одбојка 2021!” – посакаа од Кожувчанка ДОО.

Напред момци, вие сте нашите Херои!