Уште едно спектакуларно издание на Тиквешки гроздобер 2019 – Кавадарци помина со многу забава и публика од цела Македонија.
И годинава во цели три дена Кавадарци можеше да се пофали со одлична програма и организација но и многу ѕвезди кои продефилираа и настапија на сцената.
Најголеми ѕвезди на годинешното издание беа Јелена Розга која што настапи во саботата и Здравко Чолиќ на третата последна вечер.
За оние кои од оправдани причини не можевте да бидете дел од публиката, уживајте во дел од атмосферата на Тиквешки гроздобер 2019!