Дека појадокот е најважниот оброк во текот на денот, тоа добро го знаеме.
Сепак, многу луѓе наутро воопшто не чуствуваат глад, па дури им е мака кога ќе помислат на храна.
Причината за тоа е прилично едноставна – во голем дел сами за тоа сте виновни.
Сендвичи, корнфлекс со млеко, овошје, млечни производи, здрави јаглени хидрати…
Изборот за здрав појадок е неограничен.
А најдоброто од се е што во овој период на денот можете да јадете скоро се, ако после во текот на денот внимавате што внесување.
Затоа, за многумина појадокот е омилен оброк во денот, но за жал голем број на луѓе не се будат гладни.
Постојат три можни причини:
1. Немате навика
Метаболизмот е чудна работа која функционира на основа на навики. Ако со години не појадувате, сосема е логично вашето тело да не е навикнато на тоа и дека нема да имате потреба за храна штом ги отворите очите.
Решението е едноставно – натерајте се да изедете било што. И две залчиња се доволни за малку да го раздвижите метаболизмот.
2. Премногу сте јаделе вчера
Навечер метаболизмот се забавува, па така и варењето скоро и воопшто да не функционира. Затоа не би требало да ве зачуди ако навечер јадете „јака“ храна, наутро и понатаму да се разбудите сити. Едноставно, телото нема време да ја свари сета храна која сте ја изеле претходната вечер.
Решението повторно е прилично едноставно, но за многумина не е лесно. Потрудете се да јадете порано и да јадете полесна храна, која брзо се вари. Вечерата генерално не би требало да биде голем оброк, па ова е одлична работа за целокупното здравје.
3. Хормони
Како и сите останати процеси во организмот, хормоните влијаат и на гладот. Телото генерално наутро лачи одреден коктел хормони кои би требало да не разбудат, но ако постои некое хормонално пореметување може да предизвикаат мачнина и гадење од храна.
За жал, со хормоните не смеете сами да си играте, па ако се сомневате дека имате некое хормонално пореметување задолжително посетете лекар.
Појадокот не смеете да го прескокнете
– Правилната и здрава исхрана подразбира добар појадок. Целта на појадокот, покрај онаа основната, е да ве нахрани, а воедно да го разбуди метаболизмот и да го забрза. Луѓето кои го прескокнуваат појадокот и на тој начин „штедат“ калории за да ослабат, прават голема грешка. Појадокот треба да биде комплетен и да не држи сити, но не смее да биде премногу обилен или премногу силен за да не не успие, советуваат нутриционистите.
За појадок одбирајте здрави јаглени хидрати, како што се цели зрна житарки, кои поспоро се разградуваат и долго го одржуваат чуството на ситост. Тие воедно ви даваат и енергија долго време.