Овојпат на интервју со дедо го имаме талентираниот внук Ален Хасановиќ.
Пејачот на дедо уште од мали нозе ја сака музиката.
Ален учествувал на повеќе фестивали и музички шоуа, а ја прикажа Македонија во најдобро светло и во „Ѕвездите на Гранд“, каде беше еден од милениците на публиката и жирито.
Погледнете што внукот на дедо ни кажа во интервјуто.

Дедо: Внучко опиши го твојот дедо со три зборови?
Ален: Добар,Чесен,Верник
Дедо: Кажи ми внуче кое е омиленото место на кое те носеше твојот дедо?
Ален: Искрено дедо, имаше многу места каде што одев со мојот дедо посебно се сеќавам кога ме носеше на прошетка на некоја планина и секогаш ќе се сеќавам на тие убави денови.

Дедо: Внуче по која поговорка ќе го памтиш својот дедо?
Ален: Дедо ми често знаеше да ми каже: „Сине биди секогаш добар и чесен со луѓето затоа што се поминува, а она добро што ќе го направиш засекогаш ќе остане“.
Дедо: Внуче кој ти е омилен спомен со твојот дедо?
Ален: Искрено,со мојот дедо имам многу спомени и сите доживувања ми биле прекрасни и не би можел да издвојам нешто посебно.

Дедо: Внучко со што си го направил горд твојот дедо?
Ален: Мојот дедо секогаш беше горд со мене затоа што секогаш сум ги вреднувал оние работи што тој ме подучувал,иако денес е таму негде каде што Господ чува посебно место за добрите луѓе,и да е тука меѓу нас знам дека би бил многу горд затоа што сум го остварил својот сон и сум успеал во животот да бидам она што тој најмногу посакуваше,а тоа е добар и остварен човек!

